Традиција

Еј, внучко супер напишал: оти традицијата не чини. Браос! Ама зошто: „…Време е некои аспекти од живеењето да ги воспоставиме како нова традиција…“. Мислам… зошто? Оти мора да има традиција? Шо корист?

Нема врска, ај да се приклучам и јас кон негОта честитка. Ова приказнава долу, ја прочитав некаде, ама не запамтив каде (fuckin’ rusty ol’ brain):

Додека патникот поминувал низ некое село, го стасала приквечерина, па решил да побара засолниште. Затропал на вратата од една куќа и љубезно запрашал дали може да преноќева. Добрите луѓе го примиле гостинот и го наместиле да вечера заедно со нив. Но, кога младата дваесетгодишна девојка му ја дала чинијата, забележал нешто што го зачудило: во чинијата имало пржена риба, но со отсечени глава и опаш, само средината останата. Запрашал:
– Извини госпоѓице, дали може да ми одговориш зошто не е рибата целосна, туку само средниот дел?
Одговорот не бил задоволителен:
– Не знам, така мајка ми ја правеше секогаш, па затоа и јас така ја правам.
Патникот се осмелил да побара да го однесат кај мајката ѝ, што и направиле. Кога се појавил пред четириесетгодишната жена, запрашал:
– Се извинувам госпоѓо на прашањево, зошто секогаш сте ја пржеле рибата со отсечени глава и опаш?
На тоа госпоѓата одговорила:
– Така мајка ми секогаш ја правеше, така и јас продолжив. Никогаш не ми текна да запрашам зошто.
Така сите решиле да појдат кај мајката на госпоѓата, каде што патникот повторно запрашал:
– Извини бабо, дали може да ми кажеш, зошто секогаш си ја пржела рибата без главата и опашот?
На тоа бабата одговорила:
– Внучко, на времето ние немавме големи тави како денес, па единствен начин да се испржи риба беше да се потсече колку да ја собери.

Приказнава идеше и со некоја поука, ама #yebiga заборајФ 😦 Знам само дека беше лошо оти со терање традиција луѓето не јаделе како шо требало ‘n’ stuff…

Да се пробам да извам една сега:

Заеби традиција шо не се вклопува во денешната реалност оти само ќе ти штети. Традицијата е само слепо повторување на работите што порано имале смисла, а денес не само што немаат, туку најчесто се штетни.

зАто ако ти се тера традиција: grow up! Не туку менувај стара со нова традиција, и само штета ќе прајш на твојте деца и внуци.

Advertisements

5 thoughts on “Традиција

  1. Традиција не е dirty word, тоа е нешто природно што се воспоставува како начин на живеење, нешто што се развива, се крши и потоа се менува. Така стигнуваме до напредок. 🙂 Анархија не почитувам, да се разбереме. Уште тврдам дека бакрданот од дедо ми е најубавото јадење на светот. И тоа е тоа. 🙂

    • Мешаш традиција со култура. Традиција е повторување на тоа што го правеле порано и најчесто се коси со денешната пракса.
      Културата е она што народот, луѓето го акумулирале со време и ти го повторуваш затоа што те прави посебен (special in a good way) и поврзан со нив.

      • Не мешам. Само ти зборуваш за традиции во премногу широк контекст. Нема ништо лошо да се почитуваат одредени традиции, ниту пак да се воспостават нови. Еден ден ќе дојдат деца што ќе ни ги покосат сите тези од корен. И јас немам ништо против тоа.

        • Твојата претпоставка е дека децата ќе се запрашаат, зошто постојат тие традиции? Нема тоа да биде. Затоа ја пишав приказната, ги повторувале претците, а никогаш не се запрашале зошто. Затоа не ти држи „ќе ни ги покосат сите тези од корен“.

  2. Се согласувам… Често пати се спротиставувам на реченицата која баба ми ја кажува “Така останало од стари/o” … Традициите се празни работи пофторувани со генерации и генерации.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s