Поминаа 20 години

Велат треба да поминат отприлика 20 години за некоја технологија да се вдоми, одомаќини и стани масовно користена. Ова го забележале со телефонот, радиото, сега интернетот. Откриле зошто: толку време треба за да се смени една генерација со друга. Старата генерација е таа во чие што време се создала технологијата, а новата се родила веќе со таа технологија присутна. Новата генерација ја користи и ја учи како интегрален дел од нивниот свет и ја поима како природна и поблиска. Не е носталгичарски настроена кон претходниот свет што не го ни познава, не ни живеела во него.

Па и азбуката е технологија, и тркалото,  и демократијата!

Оваа млада генерација се родила и израснала во демократијата и ја поима како интегрален дел од својот живот и околина. Таа генерација се младите граѓани и нивното време е сега, веднаш, доволно одложувано. Додека старата носталгичарска генерација си направи плурализам на едноумие, буквално секоја политичка партија стана ПАРТИЈАТА т.е. сите по терк на нивниот (не)славен прототип. Младите останаа граѓани, не партизани (партиски војник = партизан). Граѓаните за разлика од партизаните (треба да) ги поимаат своите демократски права лично, природно како воздухот – слободен за сите, додека кај старите и нивните производи партизаните демократијата е валута, ветување како парите. Па мислат дека можат да прават капитал, да даваат некому и да одземаат другому. Да ја разменуваат на берзите: собрание, лидерски средби… преку своите посредници: пратениците, членовите партизани, симпатизери, подмладок…

Револуција = пресврт = нагла промена. Револуција на идејата, на однесувањето, а не извитопереноста со оружје користена низ целиот минат век.

Во овој случај нагла промена на поимањето демократија, непосредна место посредна демократија. Не воздух со цевче, не демократија со посредник. Политичките кондоми пукнаа. Не ги сакаат на протест како партизани, добредојдени се како граѓани и совесни луѓе.

Но никако граѓани со права без обврски. Обврската да се заокружува ливче за избор, еднаш четиригодишно „давана демокраска моќ“ како преценет поклон е нејзиносведување на валута за трошење демократија – купување претставници. НЕ! Не повеќе! Обврската на секој граѓанин е да гласа. Не се гласа со ливче, се гласа со глас, збор, реч, идеја, став… Тој глас треба да се слуша секој ден, по секој медиум. Без исклучок. Традиционалните медиуми се лошопорозен филтер за секојдневното гласање. И идеолошки и технички не можат да го издржат товарот на секој поединец. Интернетот може, тој Е секој наш глас!

Интернет – меѓуврзана мрежа од останати мрежи, така се до крајниот глас, идеја, став на поединечен граѓанин. Мора да се штити како основно, нефилтрирано средство на непосредната демократија: правото и обврска на секој да се слушни, види и поими неговиот став.

Но има и останати граѓански права и обврски што мора да се почитуваат! Како што секој може да излезе на протест и да гласа, да биде слушнат, така секој мора да внимава друг да не го злоупотреби тоа. Пример за ова е еден протестирач кој што го искористи граѓанското право денес: седна на сред улица за да го искаже својот став, утре ја исполни својата граѓанска обврска: забележа арамилук во толпата и го пријави на најблискиот надлежен полицаец.

Не се партија, безлично тесто за месење по желба, луѓе се! И партизаните, и протестирачите, и полицијата и арамиите.

Арамиите ја забележаа пријавата, му се пуштија на протестирачот со навредата „џандар еден“ (зарем ова треба да биде навреда?!), а во негова одбрана застана истиот тој полицаец. Професионално ја заврши својата работа да го одржи јавниот ред и мир.

Не се сите партизани лоши, не се сите полицајци лоши, но сите СЕ граѓани! Нека луѓе со интегритет се приклучат на протестите, интегритет е клучниот збор. Без генерализирање, да не се плука по СИТЕ полицајци без разлика. Само по оние без совест. Тие се за казна! Во оние со совест е иднината!

Но, како што има „лоши јаболка“ во полицијата, се пројавуваат и кај протестирачите. Човек треба да не ги следи, туку обележи. Или да ги запре или да се тргне подалеку од нив. Треба да ги покаже на другите, да ги знаат, да не одат по нив, да не одат со нив, ако можат да ги сопрат. Не треба да се наседнува на поривите да се оди до нечија куќа, одредена институција со цел: насилно истурање гнев!

Ова е период кога се практикува непосредна демократија, кога се прават грешки и мора да се учи од нив. Кога прашав еднаш како во Англија можеле да направат нешто независно, со импликација дека кај нас не може, одговорот што го добив беше: „имале 700 години за да научат“. Ние учиме 20 години, спори сме? МОРА да бидиме подобри ученици, мора нагло да научиме, нагло да се подобриме во идеи и пракса. Таа нагла промена се вика Револуција!

П.С. Зошто веат знамиња на Че Гевара? Зарем тоа е нашиот симбол за револуција при еден Гоце Делчев?

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s