Од непознатиот

Страшно е што дури кога ќе изгубиш нешто, сфаќаш што значело.

Можеби загубив илузија дека се е во ред.
Изгледа ја загубив можноста да бидам покрај тебе за да се осигурам дека прекрасно си пловиш низ убавините на животот.
Секако го загубив тоа малку време што го имав да се покажам дека има далеку подобри работи ако малку загребеш под мојата површина.

Но… колку и да се мали шансите, ако ништо немам да изгубам, можам да добијам. Идеално, да го добијам твоето вознесувачко присуство, а во најмала рака, само лекција за мене и интересна приказна за нас.

Не може човек да не се чуствува радосен за она убаво што ќе си го најдеш, а истовремено да не чуствува грутка во грло дека испуштил да биде оној што го создава тоа.

Можам само да се надевам дека набрзо ќе увидиш некоја грешка… Залудно… Колку само заносот заслепува… Колку само човек се држи до очекувањата за среќа на сметка на останатото… Колку само посакуваната иднина, мираж на дофат го оддалечува фокусот од периферијата, она што останува… А и тоа исто ќе плови кон иднината.

Иднина… отворената празна книга. Повели да ја напишеме заедно, со дела, не зборови. Без очекувања… Без ветувања дека ќе биде радосно или тажно… Дека ќе бидеме постојано фини, груби, разумни… Ќе го поканиме времето да си го донесе своето, со ползење или галоп. Со свој ôд.

Во тоа темпо и јас можам да покажам, без да искажам, е дека ќе бидам… за тебе, не за мене. За да бидеш тоа што сакаш, а не моја извајана претстава.

Сепак, од твоја страна како ме гледаш е друго. Проблемот сепак е човечки, дел од нашата суштина. Суштината дека сите порадо би нацрпиле чаша вода и од неа би заклучиле дека нема риби, но ретко дека би се нурнале во широките длабини на морето за да ги пронајдеме.

Зарем толку вистина не држи здивот? Едно видување? Неколку? Колку е потребно за да се одлучиме и продолжиме? Кое ветување ќе си го направиме за да се нурнеме кон непознато?

П.С. Низ годиниве, колку работи изгледале на дофат…

Advertisements

One thought on “Од непознатиот

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s