напред кон минатото

напред кон минатото

напред кон минатото

Advertisements

Поројо, сејачо и пијајцата

Не ми се праеше ова вака, ама оти овој @Necoski запнал дека не сум пишувал често решив пак да не пишувам често, ама да копирам почесто 😛

Еве го од одговори.емкеј.

@Петре
првин ти си клиент т.е. твојот uTorrent, Transmission,… кога два клиенти ќе се поврзат меѓусебно стануваат Peers.

Пример: на Pirate Bay Inception ima 1000 Peers, односно има од сите клиенти има 1000 кои што меѓусебно си го разменуваат баш тој филм. Кога ти ќе кликнеш на .torrent твојот клиент му кажува на tracker-от дека сака да го симне Inception и толку .torrent повеќе не игра улога.

Tracker-от на Pirate Bay ќе те додаде како 1001 peer и ќе те поврзи со други, да речеме 30 peers. Во нив ќе има да речеме 10 seeders, што значи дека тие 10 peers го имаат 100% филмот и ти се гаранција дека навистина ќе го симнеш, кога-тогаш. Ако не постои барем еден seeder тогаш најмногу што во моментот можеш да симнеш е некој X% < 100% .

Што се однесува до leecher (не Yeti, не се сложуваме сите) нема секаде исто значење. На пример на Pirate Bay можеби му е наједноставно да ги означи сите peers што немаат 100% како leechers. Но некои tracker-и како тој на Demonoid каде што има user/pass за најава, прават статистика според твој user, ip и сл. колку вкупно си симнал и колку вкупно си качил податоци. Па ако те видат дека си симнал 100GB филмови, но си вратил само 10GB , тогаш имаш share ratio 0.1 и според нивната политика ако имаш под 0.8 те сметаат за leecher и најчесто нема да те врзуваат со „квалитетни“ т.е. брзи seeders и peers.

Затоа сметај дека сите 1001 што сте врзани заедно во група за ист филм, наречена swarm, веќе сте или сте потенцијални peers меѓусебно. Што значи за тебе важно е да има повеќе seeders отколку leechers и важно е и ДА ВРАЌАШ НАЗАД барем колку што земаш. Ако те видат дека симнуваш со 100 Кb/s и качуваш со 100 Кb/s самиот tracker ќе ти даде предност и ќе ти даде поквалитетни seeders следниот пат, па за неколку минути ќе започнеш да симнуваш со 500 Кb/s па и повеќе (во зависност од останатите, нормално). Додека ако качуваш со 10 Кb/s и нема баш seeders ни за лек, самиот tracker и нормално твоите peers ќе претпочитаат некој друг попрво.

Шо барале и кај стигнале

Зеле отвориле Google ги пишале ствАрине долу и го нашле да го кликнат мојот блог во резултатите. По која факин логика, посебно оние задебеленине ги донесло на блогов? #лудница

  • дркање
  • протестирам
  • лиженје
  • општење
  • kurceva rabota
  • sliki za facebook
  • skajp
  • протест мартин 08.06.
  • поим за непосредна демократија
  • seks so viki
  • слики ѕа именден
  • blog protestiram
  • karanje
  • секс во веце
  • зелко самардиц
  • kako da drkam

Појдете на плоштад…

…нема да ја видите!

Стиснете ги тревките
неа ќе ја исцедите.

Навалете се врз каменот
името ќе го чуете.

Симнете се во реките
дното со неа ќе ве почести.

Легнете да починете
и ноќта со неа ќе ве покрие.

„Македонија“ од Анте Поповски

Сакам да неќам!

Ми се хејта ми се рика.
Да твитниш да не останиш.
Преку стримот со тоа!

Немам елан за тролање.
Немам ќеиф за мрза.

Негативно искажувам позитивизам.
Твитам ради нереда.
Должам на кратко.
Спорам брзо.
Твитам долго.
Гласно ќутам, искажувам немо, пишувам непрочитано, читам недоречено!
Лесно тежам, ладно палам, меко тврдам и слободно затворам.

Непријатна комотност, гласна тишина, ветар во магла, магла во видикот,
дишам вакум, плукам суша, слушам мисла, имам ништо!

Од непознатиот

Страшно е што дури кога ќе изгубиш нешто, сфаќаш што значело.

Можеби загубив илузија дека се е во ред.
Изгледа ја загубив можноста да бидам покрај тебе за да се осигурам дека прекрасно си пловиш низ убавините на животот.
Секако го загубив тоа малку време што го имав да се покажам дека има далеку подобри работи ако малку загребеш под мојата површина.

Но… колку и да се мали шансите, ако ништо немам да изгубам, можам да добијам. Идеално, да го добијам твоето вознесувачко присуство, а во најмала рака, само лекција за мене и интересна приказна за нас.

Не може човек да не се чуствува радосен за она убаво што ќе си го најдеш, а истовремено да не чуствува грутка во грло дека испуштил да биде оној што го создава тоа.

Можам само да се надевам дека набрзо ќе увидиш некоја грешка… Залудно… Колку само заносот заслепува… Колку само човек се држи до очекувањата за среќа на сметка на останатото… Колку само посакуваната иднина, мираж на дофат го оддалечува фокусот од периферијата, она што останува… А и тоа исто ќе плови кон иднината.

Иднина… отворената празна книга. Повели да ја напишеме заедно, со дела, не зборови. Без очекувања… Без ветувања дека ќе биде радосно или тажно… Дека ќе бидеме постојано фини, груби, разумни… Ќе го поканиме времето да си го донесе своето, со ползење или галоп. Со свој ôд.

Во тоа темпо и јас можам да покажам, без да искажам, е дека ќе бидам… за тебе, не за мене. За да бидеш тоа што сакаш, а не моја извајана претстава.

Сепак, од твоја страна како ме гледаш е друго. Проблемот сепак е човечки, дел од нашата суштина. Суштината дека сите порадо би нацрпиле чаша вода и од неа би заклучиле дека нема риби, но ретко дека би се нурнале во широките длабини на морето за да ги пронајдеме.

Зарем толку вистина не држи здивот? Едно видување? Неколку? Колку е потребно за да се одлучиме и продолжиме? Кое ветување ќе си го направиме за да се нурнеме кон непознато?

П.С. Низ годиниве, колку работи изгледале на дофат…

Поминаа 20 години

Велат треба да поминат отприлика 20 години за некоја технологија да се вдоми, одомаќини и стани масовно користена. Ова го забележале со телефонот, радиото, сега интернетот. Откриле зошто: толку време треба за да се смени една генерација со друга. Старата генерација е таа во чие што време се создала технологијата, а новата се родила веќе со таа технологија присутна. Новата генерација ја користи и ја учи како интегрален дел од нивниот свет и ја поима како природна и поблиска. Не е носталгичарски настроена кон претходниот свет што не го ни познава, не ни живеела во него.

Па и азбуката е технологија, и тркалото,  и демократијата!

Оваа млада генерација се родила и израснала во демократијата и ја поима како интегрален дел од својот живот и околина. Таа генерација се младите граѓани и нивното време е сега, веднаш, доволно одложувано. Додека старата носталгичарска генерација си направи плурализам на едноумие, буквално секоја политичка партија стана ПАРТИЈАТА т.е. сите по терк на нивниот (не)славен прототип. Младите останаа граѓани, не партизани (партиски војник = партизан). Граѓаните за разлика од партизаните (треба да) ги поимаат своите демократски права лично, природно како воздухот – слободен за сите, додека кај старите и нивните производи партизаните демократијата е валута, ветување како парите. Па мислат дека можат да прават капитал, да даваат некому и да одземаат другому. Да ја разменуваат на берзите: собрание, лидерски средби… преку своите посредници: пратениците, членовите партизани, симпатизери, подмладок…

Револуција = пресврт = нагла промена. Револуција на идејата, на однесувањето, а не извитопереноста со оружје користена низ целиот минат век.

Во овој случај нагла промена на поимањето демократија, непосредна место посредна демократија. Не воздух со цевче, не демократија со посредник. Политичките кондоми пукнаа. Не ги сакаат на протест како партизани, добредојдени се како граѓани и совесни луѓе.

Но никако граѓани со права без обврски. Обврската да се заокружува ливче за избор, еднаш четиригодишно „давана демокраска моќ“ како преценет поклон е нејзиносведување на валута за трошење демократија – купување претставници. НЕ! Не повеќе! Обврската на секој граѓанин е да гласа. Не се гласа со ливче, се гласа со глас, збор, реч, идеја, став… Тој глас треба да се слуша секој ден, по секој медиум. Без исклучок. Традиционалните медиуми се лошопорозен филтер за секојдневното гласање. И идеолошки и технички не можат да го издржат товарот на секој поединец. Интернетот може, тој Е секој наш глас!

Интернет – меѓуврзана мрежа од останати мрежи, така се до крајниот глас, идеја, став на поединечен граѓанин. Мора да се штити како основно, нефилтрирано средство на непосредната демократија: правото и обврска на секој да се слушни, види и поими неговиот став.

Но има и останати граѓански права и обврски што мора да се почитуваат! Како што секој може да излезе на протест и да гласа, да биде слушнат, така секој мора да внимава друг да не го злоупотреби тоа. Пример за ова е еден протестирач кој што го искористи граѓанското право денес: седна на сред улица за да го искаже својот став, утре ја исполни својата граѓанска обврска: забележа арамилук во толпата и го пријави на најблискиот надлежен полицаец.

Не се партија, безлично тесто за месење по желба, луѓе се! И партизаните, и протестирачите, и полицијата и арамиите.

Арамиите ја забележаа пријавата, му се пуштија на протестирачот со навредата „џандар еден“ (зарем ова треба да биде навреда?!), а во негова одбрана застана истиот тој полицаец. Професионално ја заврши својата работа да го одржи јавниот ред и мир.

Не се сите партизани лоши, не се сите полицајци лоши, но сите СЕ граѓани! Нека луѓе со интегритет се приклучат на протестите, интегритет е клучниот збор. Без генерализирање, да не се плука по СИТЕ полицајци без разлика. Само по оние без совест. Тие се за казна! Во оние со совест е иднината!

Но, како што има „лоши јаболка“ во полицијата, се пројавуваат и кај протестирачите. Човек треба да не ги следи, туку обележи. Или да ги запре или да се тргне подалеку од нив. Треба да ги покаже на другите, да ги знаат, да не одат по нив, да не одат со нив, ако можат да ги сопрат. Не треба да се наседнува на поривите да се оди до нечија куќа, одредена институција со цел: насилно истурање гнев!

Ова е период кога се практикува непосредна демократија, кога се прават грешки и мора да се учи од нив. Кога прашав еднаш како во Англија можеле да направат нешто независно, со импликација дека кај нас не може, одговорот што го добив беше: „имале 700 години за да научат“. Ние учиме 20 години, спори сме? МОРА да бидиме подобри ученици, мора нагло да научиме, нагло да се подобриме во идеи и пракса. Таа нагла промена се вика Револуција!

П.С. Зошто веат знамиња на Че Гевара? Зарем тоа е нашиот симбол за револуција при еден Гоце Делчев?