Шо барале и кај стигнале

Зеле отвориле Google ги пишале ствАрине долу и го нашле да го кликнат мојот блог во резултатите. По која факин логика, посебно оние задебеленине ги донесло на блогов? #лудница

  • дркање
  • протестирам
  • лиженје
  • општење
  • kurceva rabota
  • sliki za facebook
  • skajp
  • протест мартин 08.06.
  • поим за непосредна демократија
  • seks so viki
  • слики ѕа именден
  • blog protestiram
  • karanje
  • секс во веце
  • зелко самардиц
  • kako da drkam

Сакам да неќам!

Ми се хејта ми се рика.
Да твитниш да не останиш.
Преку стримот со тоа!

Немам елан за тролање.
Немам ќеиф за мрза.

Негативно искажувам позитивизам.
Твитам ради нереда.
Должам на кратко.
Спорам брзо.
Твитам долго.
Гласно ќутам, искажувам немо, пишувам непрочитано, читам недоречено!
Лесно тежам, ладно палам, меко тврдам и слободно затворам.

Непријатна комотност, гласна тишина, ветар во магла, магла во видикот,
дишам вакум, плукам суша, слушам мисла, имам ништо!

Од непознатиот

Страшно е што дури кога ќе изгубиш нешто, сфаќаш што значело.

Можеби загубив илузија дека се е во ред.
Изгледа ја загубив можноста да бидам покрај тебе за да се осигурам дека прекрасно си пловиш низ убавините на животот.
Секако го загубив тоа малку време што го имав да се покажам дека има далеку подобри работи ако малку загребеш под мојата површина.

Но… колку и да се мали шансите, ако ништо немам да изгубам, можам да добијам. Идеално, да го добијам твоето вознесувачко присуство, а во најмала рака, само лекција за мене и интересна приказна за нас.

Не може човек да не се чуствува радосен за она убаво што ќе си го најдеш, а истовремено да не чуствува грутка во грло дека испуштил да биде оној што го создава тоа.

Можам само да се надевам дека набрзо ќе увидиш некоја грешка… Залудно… Колку само заносот заслепува… Колку само човек се држи до очекувањата за среќа на сметка на останатото… Колку само посакуваната иднина, мираж на дофат го оддалечува фокусот од периферијата, она што останува… А и тоа исто ќе плови кон иднината.

Иднина… отворената празна книга. Повели да ја напишеме заедно, со дела, не зборови. Без очекувања… Без ветувања дека ќе биде радосно или тажно… Дека ќе бидеме постојано фини, груби, разумни… Ќе го поканиме времето да си го донесе своето, со ползење или галоп. Со свој ôд.

Во тоа темпо и јас можам да покажам, без да искажам, е дека ќе бидам… за тебе, не за мене. За да бидеш тоа што сакаш, а не моја извајана претстава.

Сепак, од твоја страна како ме гледаш е друго. Проблемот сепак е човечки, дел од нашата суштина. Суштината дека сите порадо би нацрпиле чаша вода и од неа би заклучиле дека нема риби, но ретко дека би се нурнале во широките длабини на морето за да ги пронајдеме.

Зарем толку вистина не држи здивот? Едно видување? Неколку? Колку е потребно за да се одлучиме и продолжиме? Кое ветување ќе си го направиме за да се нурнеме кон непознато?

П.С. Низ годиниве, колку работи изгледале на дофат…

Поминаа 20 години

Велат треба да поминат отприлика 20 години за некоја технологија да се вдоми, одомаќини и стани масовно користена. Ова го забележале со телефонот, радиото, сега интернетот. Откриле зошто: толку време треба за да се смени една генерација со друга. Старата генерација е таа во чие што време се создала технологијата, а новата се родила веќе со таа технологија присутна. Новата генерација ја користи и ја учи како интегрален дел од нивниот свет и ја поима како природна и поблиска. Не е носталгичарски настроена кон претходниот свет што не го ни познава, не ни живеела во него.

Па и азбуката е технологија, и тркалото,  и демократијата!

Оваа млада генерација се родила и израснала во демократијата и ја поима како интегрален дел од својот живот и околина. Таа генерација се младите граѓани и нивното време е сега, веднаш, доволно одложувано. Додека старата носталгичарска генерација си направи плурализам на едноумие, буквално секоја политичка партија стана ПАРТИЈАТА т.е. сите по терк на нивниот (не)славен прототип. Младите останаа граѓани, не партизани (партиски војник = партизан). Граѓаните за разлика од партизаните (треба да) ги поимаат своите демократски права лично, природно како воздухот – слободен за сите, додека кај старите и нивните производи партизаните демократијата е валута, ветување како парите. Па мислат дека можат да прават капитал, да даваат некому и да одземаат другому. Да ја разменуваат на берзите: собрание, лидерски средби… преку своите посредници: пратениците, членовите партизани, симпатизери, подмладок…

Револуција = пресврт = нагла промена. Револуција на идејата, на однесувањето, а не извитопереноста со оружје користена низ целиот минат век.

Во овој случај нагла промена на поимањето демократија, непосредна место посредна демократија. Не воздух со цевче, не демократија со посредник. Политичките кондоми пукнаа. Не ги сакаат на протест како партизани, добредојдени се како граѓани и совесни луѓе.

Но никако граѓани со права без обврски. Обврската да се заокружува ливче за избор, еднаш четиригодишно „давана демокраска моќ“ како преценет поклон е нејзиносведување на валута за трошење демократија – купување претставници. НЕ! Не повеќе! Обврската на секој граѓанин е да гласа. Не се гласа со ливче, се гласа со глас, збор, реч, идеја, став… Тој глас треба да се слуша секој ден, по секој медиум. Без исклучок. Традиционалните медиуми се лошопорозен филтер за секојдневното гласање. И идеолошки и технички не можат да го издржат товарот на секој поединец. Интернетот може, тој Е секој наш глас!

Интернет – меѓуврзана мрежа од останати мрежи, така се до крајниот глас, идеја, став на поединечен граѓанин. Мора да се штити како основно, нефилтрирано средство на непосредната демократија: правото и обврска на секој да се слушни, види и поими неговиот став.

Но има и останати граѓански права и обврски што мора да се почитуваат! Како што секој може да излезе на протест и да гласа, да биде слушнат, така секој мора да внимава друг да не го злоупотреби тоа. Пример за ова е еден протестирач кој што го искористи граѓанското право денес: седна на сред улица за да го искаже својот став, утре ја исполни својата граѓанска обврска: забележа арамилук во толпата и го пријави на најблискиот надлежен полицаец.

Не се партија, безлично тесто за месење по желба, луѓе се! И партизаните, и протестирачите, и полицијата и арамиите.

Арамиите ја забележаа пријавата, му се пуштија на протестирачот со навредата „џандар еден“ (зарем ова треба да биде навреда?!), а во негова одбрана застана истиот тој полицаец. Професионално ја заврши својата работа да го одржи јавниот ред и мир.

Не се сите партизани лоши, не се сите полицајци лоши, но сите СЕ граѓани! Нека луѓе со интегритет се приклучат на протестите, интегритет е клучниот збор. Без генерализирање, да не се плука по СИТЕ полицајци без разлика. Само по оние без совест. Тие се за казна! Во оние со совест е иднината!

Но, како што има „лоши јаболка“ во полицијата, се пројавуваат и кај протестирачите. Човек треба да не ги следи, туку обележи. Или да ги запре или да се тргне подалеку од нив. Треба да ги покаже на другите, да ги знаат, да не одат по нив, да не одат со нив, ако можат да ги сопрат. Не треба да се наседнува на поривите да се оди до нечија куќа, одредена институција со цел: насилно истурање гнев!

Ова е период кога се практикува непосредна демократија, кога се прават грешки и мора да се учи од нив. Кога прашав еднаш како во Англија можеле да направат нешто независно, со импликација дека кај нас не може, одговорот што го добив беше: „имале 700 години за да научат“. Ние учиме 20 години, спори сме? МОРА да бидиме подобри ученици, мора нагло да научиме, нагло да се подобриме во идеи и пракса. Таа нагла промена се вика Револуција!

П.С. Зошто веат знамиња на Че Гевара? Зарем тоа е нашиот симбол за револуција при еден Гоце Делчев?

Кога ќе те изневерат

Кога ќе се договорите да се оди некаде и пропадни работата, првио следен муабет е важен? Да, знам да се испонАшам. Факит! Ридит! Еве го:

  • tuka si Goran?
  • да
  • kazi mi kako da go simnam DropBox; kaj mene vo PC, pa posle da prikacam sliki; i da objavam link; na Google nesto nekje; cudni verzii mi dava; a sakam FREE DOWNLOADF da e
  • ова чудно изледа, но сум се дружел со неосетни луѓе; те најдуваат само кога имаат проблем
  • ne ti stasa poraka na mob za na zicara? ; ni od chatot nisto ; c c c c ; krs ; nie cekavme tamu do 12:30 ; vo sabotata ; nedelata, greska
  • дали со сио ум мислиш дека ако си ми пратила порака, ќе ја изигнорирам без да речам ОК или не? дека ако сум се сложил, си ме чекала, ама ме немало, можи нешто попат се случило, па да се јавиш?
  • mozno e
  • eve go simnav ; sea instal ke mu udram ; jeeee
  • без разлика дали за добро или лошо, од неосетност се прат вакви работи; дури и одговор „можно е“, јеј си завршив работа без твоја помош
  • e da, a ti dobro si?
  • заеби, така требаше да го почниш муабето, сега само полошо изгледа
  • oki, nekev da te iznerviram ic
  • само појќе самата се зафркна
  • ne be; eve go se instalira
  • да исхендлаше правилно, ќе знаеше дека не можам да дојдам во 12:30 и немаше да ме чекаш
  • aaa, za toa
  • второ да имаше осет, немаше сега уште да ми пишуваш за некојаси таму програма; мислиш во моментов ме интересира твојот банален проблем?; само губиш почит така кај другите
  • ok, se izvinuvam; ne ti odzemam vreme veke

Еј колку бев лууут… ама не бесен. Чудно колку си тогаш фокусиран! Никако разочаран: разочарувањето е лутина кај беспомошните. Зато си оставам да се лутам,  можам да го решам то шо ме налути.

Еве како.

Сфатив дека двајцата сме во криво (да, можи сум само ја, па си споделувам одговОрнс). Дека појќе сум лут на себе оти не проверив, не се осигурав дека сѐ е договорено ко шо треба. И… да затупам појче… дека сум имал повисоко очекување од другите, а и ја не сум којзнај шо. Решението: појќе недоверба во the elementz, неоставање да ти висат работи. Зато следно шо пишав беше исто и за мене:

  • од вакви работи и муабети се учи, но најчесто луѓето извлекуваат погрешни поуки, се надевам нема да биде така и сега; поздрав
  • nema be, neka te prefati moeto raspolozenie na nivo; pozzz, imaj si ubav den

Значи, си се изневерив себе си со очекување луѓето да напрат појќе од што можат, и со сметање дека прам појЧе од шо прам. Нема шо да очекувам лујџето да ме имат прв на ум, не е ко да си немат други работи на него! Пак… чоек губи почит. А не се враќа, или ептен тешко, а само не ме бивало за та работа.

Фак! Кога имам посуштински проблем, а другата страна не ја интересира, ме откачува со „можеби“… Шо че прам? Епа шо да се прај! Да се занимавам со нивнио (за мене) банален проблем?

Факин анбеливабл. Ми ја наполнија глата со политика денојве. Почнав да го мозгам: да не беше чоек, туку држава? Ние да си имавме проблем, а државата да не откачуваше? Шо па тогаш? Во принцип не треба да има голема разлика со она горе, а?

За сите кои што ќе излезат на „невиртуелно“ #protestiram

… а многу ве има. Епа пазете сега, шо „виртуелно“ отприлика значело: Not physically existing as such but made by software to appear to do so (за појче клицкај овде). Ама ако, убо е да се протестира дури никој не го здоболи… После че се види кој че легни на брашното, а кој че стани брашно.

А тие шо „невиртуелно“, значи ствАрно, одат на улица, пазете неколку работи:

  • Бидете фокусирани на точно одредени цели. Не се расПЛИНувајте. Со точно одредени барања, ко овде За Мартин Нешковски | airborne и овде продолжуваме за мартин! полесно се #protestira. Арно првио ден си пишаја лујџето петиција (еве слика)
  • Не претерувајте многу многу со сите маки шо си ги носите. Се скапав слушаЈне како за младите немало работа, па пензионерите во државна администрација им биле криви, па од недоволно секс исфрустрирани биле на полицијата оти се тепале по натпревари УПМ сето! Така само се губи поддршката од останатите (че ги врејЏате оние шо сакате да бидат со вас). Само че изгубите поштовАјне!
  • Ако видите некој дека сака да се тепа, или да биди насилен, или спречете го или тргнете се настрана, не туку само блејте ко телиЈНа во шаренА_врата
  • Носете си вода и уште шо ви треба. Pre·req·ui·sites бе! Кај се продавА затки за уши? Ама добри.
  • Знајте си точно кога е доста, не туку само барајте правдата да биди задоволена, а не сте кажале шо е правдата. Секој си е башка будала и си има ја има во своја верзија. Еве пример: Расчистување
  • Не бидете сеЉаци.  Па нели против такви протестирате? Ако се спуштите на нивно ниво, гарант ве тепат со искуство.
  • Кажете на другите. Замислете седнал некој на кеј и ви пука сеир, ви се чуди, па и вие му се чудите… Мислите знај и чита на интермец ко вас? Па пикнете се во некој чевли, не туку укајте, објаснете му шо е проблемо ко на чоек, можи ќе ве поддржи.

Не знам… че пишев уште нешто, ама се заборајв шо че кажував. Ај поздрав. Па протестирајте со усул!

Како да го смениме све-то?

Можи да си се локализира на Македонија, Скопје, собава кај шо седам… ;^) ама па… работи мајчиното… супер рецепт спакован во минута седумнајсе видео.

Убо си кажа чОеко, сЕа уште да си го решам проблЕмо: знам шо сакам, уште да научам како да го добијам. Често сум пробувал на погрешни начини, за џабе. Добро… Не е џабе ако научиш нешто. Нема гајле, ЧЕ БИДИ!

Пак и пак и пак… се дури не се научи и напрај правилно.

Кај вас како е? Знајте шо сакате, ама не знајте како да го добијате? Сте пробале и неуспеале? Научете од грешките, напрајте нови, ќе се случи да го напрајте правилното. #nadez

Ајде пак на нозе! Нема одмора док траје обнова!

#fakin #multilevel #meaning 🙂

Традиција

Еј, внучко супер напишал: оти традицијата не чини. Браос! Ама зошто: „…Време е некои аспекти од живеењето да ги воспоставиме како нова традиција…“. Мислам… зошто? Оти мора да има традиција? Шо корист?

Нема врска, ај да се приклучам и јас кон негОта честитка. Ова приказнава долу, ја прочитав некаде, ама не запамтив каде (fuckin’ rusty ol’ brain):

Додека патникот поминувал низ некое село, го стасала приквечерина, па решил да побара засолниште. Затропал на вратата од една куќа и љубезно запрашал дали може да преноќева. Добрите луѓе го примиле гостинот и го наместиле да вечера заедно со нив. Но, кога младата дваесетгодишна девојка му ја дала чинијата, забележал нешто што го зачудило: во чинијата имало пржена риба, но со отсечени глава и опаш, само средината останата. Запрашал:
– Извини госпоѓице, дали може да ми одговориш зошто не е рибата целосна, туку само средниот дел?
Одговорот не бил задоволителен:
– Не знам, така мајка ми ја правеше секогаш, па затоа и јас така ја правам.
Патникот се осмелил да побара да го однесат кај мајката ѝ, што и направиле. Кога се појавил пред четириесетгодишната жена, запрашал:
– Се извинувам госпоѓо на прашањево, зошто секогаш сте ја пржеле рибата со отсечени глава и опаш?
На тоа госпоѓата одговорила:
– Така мајка ми секогаш ја правеше, така и јас продолжив. Никогаш не ми текна да запрашам зошто.
Така сите решиле да појдат кај мајката на госпоѓата, каде што патникот повторно запрашал:
– Извини бабо, дали може да ми кажеш, зошто секогаш си ја пржела рибата без главата и опашот?
На тоа бабата одговорила:
– Внучко, на времето ние немавме големи тави како денес, па единствен начин да се испржи риба беше да се потсече колку да ја собери.

Приказнава идеше и со некоја поука, ама #yebiga заборајФ 😦 Знам само дека беше лошо оти со терање традиција луѓето не јаделе како шо требало ‘n’ stuff…

Да се пробам да извам една сега:

Заеби традиција шо не се вклопува во денешната реалност оти само ќе ти штети. Традицијата е само слепо повторување на работите што порано имале смисла, а денес не само што немаат, туку најчесто се штетни.

зАто ако ти се тера традиција: grow up! Не туку менувај стара со нова традиција, и само штета ќе прајш на твојте деца и внуци.

Расправај се кога можиш

Абе ко ЧЕ се запрограмИраш, се уфрлуваш во логичко-филозофско-полусериозен режим на мозоко и почнуваш да се расправаш со луѓе за big shit работи. Така стигна да морам за пола секунда да смислам правила само ради argument, еве шо излезе:

  1. тој шо е со пичкаца, команда
  2. тој шо не смеј да излези пичкица, мора да се расправа пред да попушти

и кој да ти знаел дека ЧЕ научам нешто (поука демек), па само промрчив на скајпо:

  • [3:03:13 PM] Јас: да ти одам по газо, одма ќе изгубиш интерес за мене, а јас само ќе се сељачам
  • [3:03:21 PM] Таа: ne
  • [3:03:34 PM] Таа: ne veruvam u takvi pravila
  • [3:10:18 PM] Таа: ali pa, ako ne se karas ne e interesno
  • [3:16:37 PM] Јас: ете, женско шо ќе ти речи
  • [3:16:57 PM] Јас: тоа е правилото во кое шо не веруваш ^
  • [3:19:53 PM] Таа: hahaaa
  • [3:19:57 PM] Таа: mi go spopika sega
  • [3:20:03 PM] Таа: 🙂
  • [3:20:05 PM] Таа: u navodnici
  • [3:20:12 PM] Таа: pa da
  • [3:20:16 PM] Таа: imas pravo

Наравоучение: Ако немаш пичкица, не биди пичкица.

Кога одлучив да отворам нов блог

Шо прај чоек кога нема работа? Само чкрАпа по то Фејсубко. Ама чкраааапа.. упорно… само чраааапа. Ете шо прај. И сеа за clickање шо прајме? Шо корис? Барем една: мене ме натера да отворам нов блог. Добро… можи ми требаше појЧе од пола година, ама го напрајФ.

А се почна со еден статус од Рибаро на далечен, даааалечен сајт:

фејсбук не е интернет... не се' уште

Цензурирани пофалби и досетки од други тричетворица, па муабет:

  • Goran Peoski Фејсбук ќе биде Интернет колку што куќите се улици. November 20, 2010 at 6:23pm

  • Jane Ribaro Gjorgjioski Горан, е тогаш де, кога куќите ќе се улици, не порано. и ај смени очила и перспектива 🙂 November 21, 2010 at 10:03am

  • Goran Peoski Очила и перспектива??? November 21, 2010 at 1:27pm

  • Jane Ribaro Gjorgjioski ma mislev, malku porozevi ochila vo smisla na pushtija fantazijata da raboti i zamisli kako facevo ne eksploatira site do maksimum, a vo idnina i povekje od toa 🙂 November 21, 2010 at 1:29pm

  • Goran Peoski

    Добра идеја, ај да ја пуштам фантазијата:Замислувам дека Интернет е всушност Скопје, различните куќи и згради се сајтовите и обичните корисници, а улиците, нормално, комуникациските канали.

    Фејсбук би требало да е нешто прилично значајно залуѓето, ајде нека биде „соборен храм Фејсбук“. Сега веќе лесно ми е да замислам експоатација: оди народот таму да остава пари, или оди само колку да разгледа по некоја сликичка (иконка), да удри честитка за именден, среќен роденден, шодае…. и се враќа дома со или без „животна мудрост“ здобиена таму.

    Но, тоа е сепак само една зграда…. Што ако не влегувам таму? Како таа зграда би ме спречила да се движам каде сакам по улиците? Зарем нема да има друга куќа или зграда каде што би бил добредојден? Што би требало за овој Фејсбук, оваа зграда, да стане целиот град? Дали некој таков ќе ги поседува улиците?

    П.С. Изгледа ми треба да си отворам блог :/

    November 21, 2010 at 3:29pm

Фала Рибаро, си улови стар колега блогерџија назад со мамката (нивна фејсбушка :)).